| четврток, 6 декември 2018 |

Свлечиште затрупа тројца работници во Турција

свлечиште

Тројца турски работници, од кои двајца се браќа, загинаа, откако биле затрупани при лизгање на земјиште додека работеле на поставување водоводни цевки, објави турскиот весник на англиски „Тудејс заман“.

Според истиот извор, инцидентот се случил во реонот на градот Јилдизели во округот Сивас.

Мажите, кои се на возраст меѓу 38 и 41 година, работеле на проектот на државната служба за водоснабдување, кога врз нив се одронило поголемо количество земја.

Спасувачките екипи по едночасовна потрага ги пронашле безживотните тела на тројцата работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top