| четврток, 6 декември 2018 |

Жената и нејзините опасни зборови

00045186

Ако ги слушнете овие зборови изговорени од жена, значи сте во неволја, а ако не сте свесни за нивната правилна интерпретација:
1. „О, прекрасно!“ – Жените најчесто ги користат овие зборови за да стават дефинитивна точка на спорот, а вие едноставно треба да замолчите.

2. „Само пет минути!“ – Оваа фраза може да има неколку толкувања во зависност од контекстот на ситуацијата. Кога жената ја изговара оваа фраза, додека се средува пред огледало за излегување од дома, петте минути се еднакви барем на половина час. Но, ако ви даваат само пет минути да до го гледате првото полувреме на натпреварот, значи навистина се пет минути!

3. „Ништо не се случило“. Тоа е фраза, која означува затишје пред бура. Ова „ништо“ сигурно значи нешто, па внимавајте. Кавгите кои почнуваат со „ништо не се случило“, обично завршуваат со „О, прекрасно!“

4. „Добро, добро, продолжувај во истиот дух!“ Тоа е провокација, а не е дозвола. Значи, во никој случај не продолжувајте!

5. Тешка, гласна воздишка. Тоа е невербална изјава, која често се перцепира неправилно од мажите. Гласна воздишка, особено демонстрирана со иритација, значи на пример следново: таа ве смета за кретен и се прашува зошто воопшто губи време да се расправа со вас ?!

6. „Се е во ред!“ Една од најопасните изјави кои маж може да ја слушне од жена. „Се е во ред“ значи дека таа објавува тајм-аут за да размисли кога и на кој начин ќе платите за грешката.

7. „Благодарам!“ Кога жената ќе ви каже благодарам, не прашувајте „За што?“. Само одговорете и, „Нема за што“. Постојат, се разбира, и моменти: ако наместо вообичаеното „благодарам“, слушнете „Благодарам многу“ со акцент на „многу“, должни сте да го разликувате тенкиот сарказам во нејзиниот глас. По ова, за ништо на светот не велете „Нема за што“. Инаку ќе дојде до „Не е важно !“.

8. „Не е важно!“ – Грациозен женски манир да го испрати мажот по ѓаволите.

9. „Не грижи се, можам и сама …“ Уште една заканувачка изјава, најчесто кажана во момент кога жената неколку пати веќе го замолила мажот да направи нешто (да го исфрли ѓубрето, да ги стави во корпата за перење валканите чорапи кои се по подот итн), и заклучила дека тој воопшто не се помрднал. Малку подоцна од оваа ситуација следуваат глупаво машко прашање „Што не е во ред?“ и женскиот одговор под број 3 од оваа листа.

224824-12804808-DSC_1181_jpg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top