| четврток, 6 декември 2018 |

Жените кои раѓаат по 33-тата година, живеат подолго

bremenosta-posle-35-ta-godina-1

Жените кои раѓаат подоцна во животот, живеат подолго и кај нив има забавен процес на стареење.  Истражувањата покажуваат дека жените кои го родиле последното дете по навршувањето на 33 година, имаат два пати поголема шанса да стигнат до 95 годишна возраст, во споредба со жените кои  родиле до 29 година  последен пат.

Гвен Стефани родила последен пат на 45 години- мајка на три деца. 

ргтре

Главниот истражувач д- р Томас Перлс, од Медицинскиот центар на Бостонскиот универзитет во САД, изјавил дека, наодите не значат дека жените треба да го одлагаат раѓањето деца.

Тој рекол: „Се разбира дека тоа не значи дека жените треба да чекаат подолго за да имаат деца, со цел да ги подобрат своите шанси за подолг живот. Природната способност на една жена да роди дете во подоцнежната возраст, најверојатно покажува дека репродуктивниот систем на оваа жена старее побавно и затоа и остатокот од нејзиното тело старее побавно“.

Истражувачите ги анализирале податоците од социјалните и генетските истражувања на 551 семејства во кои има многу долголетници. Научниците ја определиле возраста на која 462 жени го родиле последното дете и пресметале колку долго ќе живеат овие жени. Откритијата покажуваат дека, жените може да се движечката сила во развојот на генетските варијации кои го забавуваат процесот на стареење.

– Ако една жена ги има овие варијации, таа е во состојба да раѓа деца во подолг временски период, зголемувајќи ги шансите за пренос на овие гени на следната генерација, рекол проф. Перлс.

Ова може да објасни зошто 85 проценти од луѓето кои живеат до 100 или повеќе години се жени, а само 15 проценти се мажи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top