| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон: Нападите на ИД врз христијаните се геноцид

Кандидатот за номинација на Демократската партија на американските претседателски избори, Хилари Клинтон, изјави дека насилствата извршени од Исламска држава против христијаните, ирачки јазиди и други верски малцинства на Блискиот Исток, се геноцид.

hilari klinton

– Тој термин носи правна конотација – изјави таа за време на кампања во Њу Хемпшир.

– Сега сум сигурна дека имаме доволно докази дека тоа што се случува е геноцид кој намерно е насочен кон уништување животи и егзистенција на христијани и на други верски малцинства – нагласи Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top