| четврток, 6 декември 2018 |

Како да исфрлите 10 килограми отрови од Вашиот организам?

За здравствената состојба да биде под контрола, важно е дебелото црево да биде во најдобра форма. Тоа игра најважна улога во варењето и апсорбирањето на хранливите материи од храната и игра важна улога во имунитетот.

Ако дебелото црево не функционира како што треба, може да стане место каде што се собираат токсините и тоа многу подолго отколку што би требало.

Најраните симптоми дека дебелото црево не функционира како што треба вклучуваат проблеми со варењето и констипација. Доаѓа и до дијареа, кога телото се обидува да ги исфрли токсините. Останатите симптоми вклучуваат подуеност на стомакот, претерани гасови и болки во стомакот.

Токсините во дебелото црево потоа влијаат и на целосната здравствена состојба, слабеејќи го имунолошкиот систем и оставајќи ве подложни на различни инфекции и вируси. Нервозата, главоболките, болките во зглобовите и слични симптоми исто така се честа појава.

Здравата исхрана е најдобриот начин за да го сречите акумулирањето на токсини во дебелото црево. Добра идеја е да внесувате повеќе овошје и зеленчук, бидејќи овие продукти се богати со влакна и антиоксиданси. Би требало да го ограничите внесувањето на црвено месо, мрсна и преработена храна. Од голема помош се и многу течности и редовна физичка активност.

За веднаш да го подобрите своето здравје и да се осигурате дека вашето дебело црево функционира како што треба, направете прочистување на организмот.

Еден од најстарите рецепти станал популарен уште во далечната 1940-та година.

За него потребни ви се следните состојки:

  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 лажици јаворов сируп
  • 1/10 лажичка црвена мелена пиперка
  • 300 милилитри дестилирана вода

Измешајте ги сите состојки во голема чаша и добро измешајте. Пијте пет до осум пати на ден.

Пијте ја напивката најмалку 10, а најмногу 16 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top