Привременото прифатилиште за бездомници утре ќе го отвори Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток поради најавите за пониски температури во наредниот период.
– Следејќи ги најавите за студениот бран Црвен крст на град Скопје ќе го отвори привременото прифатилиште за бездомници кое има капацитет да смести 20 лица во исто време. Бездомниците веќе од утре па се до недела ќе може да престојуваат во прифатилиштето во Момин поток, а понатаму ќе ги следиме пропораките во однос на временските услови – се вели во денешното соопштение од Црвениот крст на Република Македонија.
Оттаму информираат дека за лицата ќе бидат обезбедени и дополнителни оброци и оти во целата активност ќе бидат вклучени повеќе од 30 волонтери и професионалци.
– На терен ќе функционираат и мобилни тимови за да може полесно да ја следиме ситуацијата на терен и дојавите од граѓаните, се додава во соопштението.
Традиционалните активности кои ги добиваат во пунктот како облека, храна, хигиенски и берберски услуги, медикаменти продолжуваат на редовна основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.