| четврток, 6 декември 2018 |

Кумот му ја додели на Мачка титулата „Златна Папуча за 2015 година“ (фото)

Откако наводниот развод на Тамара Тодевска и нејзиниот споруг беше тема во домашните медиуми двојката речиси и да не се појавуваше заедно во јавноста. Низ чаршијата можеа да се слушнат неколку верзии поради кои Тамара и Мачка и ставиле точка на нивната љубовна приказна,(повеќе за тоа прочитајте тука)  но по последната фотографија изгледа дека нештата одат по друг тек.

11692645_929034480450604_7719224339150593771_n_0

Вчера кумот на Тамара Тодевска и Александар Димитровски Мачка, Сефер Цаноски објави вљубена фотографија од младиот брачен пар, околу кој кружеа огромен број гласини во изминатиот период.

Мачка и Тамара уживаат заедно одбројувајќи ги месеците до раѓањето на нивната ќерка Хана.

Сефер во описот на фотографијата напиша: „Златна Папуча за 2015 година“ – Мачка, шегувајќи се на сметка на својот другар.

1tamara-todevska-macka

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top