Остварено уште едно ветување на Владата на Република Македонија со потпишување на меѓувладиниот договор со Германија и финансискиот договор со KFW, со што се обезбедени 39 милиони евра, од вкупно 46,5 милиони евра кои што се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и Могила.
Останатите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.
-Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори. Еве сега таа идеја со овие договори станува реализација. Битола со овие финансиски средства ќше добие топлификација- изјави по потпишувањето на договорот министерот за финансии Зоран Ставрески.
Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола преку изградба на систем за топлинска енергија.
Освен домаќинствата за Битола предвидено е во мрежата да се приклучат и 35 јавни објекти од општината.
-Најголемата придобивка е елиминирањето на повеќе извори на загадување на животната средина. Значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во јавните објекти и во домаќинствата. Со тоа ќе се намали и загадувањето на општината- појасни Ставрески.
Средствата се добиени со фиксна стапка која денеска се фиксира на само 1,5 отсто. Тоа е најниска каматна стапка која што било кога била одобрена за инфраструктурен проект во Македонија и претстува заштеда од над 3 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години со 4 години грејс период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.