Белгиската полиција уапсила две лица во различни делови на земјата во неделата и понеделникот, кои планирале напади во Брисел во пресрет на Нова година.
За време на претресот во Брисел и соседната провинција, како и во Лиеж, биле приведени на сослушување вкупно шест лица, но четворица подоцна биле ослободени.
Полицијата открила воена облека и пропаганден материјал на Исламска држава.
Нема пронајдено оружје или експлозиви. Се претпоставува дека приведените немаат врска со нападите во Париз во ноември, кога загинаа 130 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.