
На страната на бунтовниците во Сирија војуваат најмалку 140 Албанци. Тие се поделени во две групи во Алепо, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.
Од ноември лани, до сега десет Албанци кои се борат на страната на бунтовниците го загубиле животот во воените дејствија во Сирија. Последно загинат е 22-годишниот Мухамет Копрова од Косовска Митровица, кој бил убиен минатата недела.
Тој припаѓал на најекстрената верска група. Во Сирија заминал од Шведска каде живеел со семејството.
Осум од убиените се од Косово, Прешевската Долина и од Албанија, додека двајца се Албанци со сириско државјанство.
Наман Демоли од Приштина беше првиот Албанец кој настрада во борбите меѓу владеачкиот режим и бунтовниците во Сирија. Идентитетот на четворица загинати од Албанија не се открива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


