| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена ја отвори душата: кога се распадна Југославија доживеав медиумски пекол

1991 година беше период  на страв и ужас, почна војната и страдањето на невините луѓе, а мене ме напаѓаа од сите страни.

брена насловна

Кога во 1991 година стапија во брак, тогаш најголемата југословенска пејачка  Лепа Брена и спортската ѕвезда Слободан Живојиновиќ   обожавателите ширум регионот беа  воодушевени додека пак медиумите не ги штедеа црните прогнози. Речиси сите медиуми ги полнеа насловните страни со прогнози и анализи дека овој  брак ќе  се распадне и дека би било чудно да издржи повеќе од една година. Сепак, денес по 24 години, Брена и Боба се уште се заедно.

1991 беше година на страв и ужас, почна да дивее војната и страдањето на невините луѓе на сите страни. рена како симбол на една поранешна држава која повеќе не постоеше не помина најдобро. Ја напаѓаа од сите страни.

брена 2

-Мојот благослов е што се одбравме еден со друг. Кога во 1991 година се венчавме почна распадот на Југославија, беше премногу тажно и ужасно теко време, а јас бев колатерална штета на крајот на една држава. Прогнозите на медиумите околу опстанокот на нашиот брак беа лоши  и не напаѓаа од сите страни. Среќна сум поради фактот дека  времето сепак на крајот покажа дека само јас и Боба бевме во право и нашата љубов беше и остана вистинска. За мене мојот сопруг е мојата животна љубов и само затоа што и јас сум неговата успеавме да  ги преживееме сите тие тешки години  и да ги остави зад нас – изјавила Брена во интервју за еден регионален магазин.

аеродромбрена

Додала и дека таа и Боба секогаш  биле и  се најголемата поддршка еден на друг. Пејачката појаснила дека кога поминувале низ тешките периоди имале најмалку  пријатели, а кога им оди се од рака постојано се опкружени со голем број на оние кои сакаат да се во нивна близина. Брена  преживеа вистински пекол кога беше киднапиран нејзиниот син Стефан. Ниту денес  точно не се знае кој и зошто го киднапирал Стефан, но постојат сомнежи дека се во случајот биле замешани луѓе од  самиот државен врв во Србија.  По сите лоши настани кои ги преживеала  Брена ја испеа една од најемотивните песни во кариерата кој како што во неколку наврати изјавила е посветена на нејзиното семејство „Јас немам друг дом“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top