| четврток, 6 декември 2018 |

Турските Курди прогласија автономија

kurdistanКурдските групи одржаа состанок во југоисточна Турција и повикаа на прогласување автономија, во моментот додека турските сили воделе борба со курдските бунтовници, во која, според податоците досега има преку 200 убиени. Курдите тврдат дека турските сили убиват и цивили.

Повикот за прогласување автономија доаѓа два дена по заседанието на Демократскиот народен конгрес, кој е составен од повеќе курдски невладини организации, во турскиот југоисточен град Дијарбакир.

„Отпорот кој го пружи нашиот народ против политиката на деградирање на курдскиот проблем, во суштина е барање за локална самоуправа и локална демократија“, се наведува во резолуцијата која носи назив „Декларација за политичка одлука за прашањето за самоуправа“.

Овој повик ќе предизвика ескалација на тензиите и борби меѓу Курдите и турските власти кои остро се противат на било каква автомонија која евентуално може да води до прогласување на курдска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top