| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Панчев, ти кидам капа ако си во тоа друштво!

darko pancev

 

Мит или вистина!

Во македонското општество секој може да се нарече спасител! Мит.

Дарко Панчев долги години е во групата фудбалски имиња кои ја креираат лажната фудбалска реалност – вистина!

Панчев има своја историја, одлична кариера како играч, круг на луѓе кои му веруваат. И повеќето тоа го имаат, но ист успех, немаат.

Во повеќе од дваесет години фудбалска карта во Македонија природно се рушеа некој митови, но исто така се потврдени вистини кој некои одбиваа да ги видат.

Како вистината за Дарко Панчев.

Дарко, секогаш сака да биде дел од играта. Но, друг да биде „тркачот“.

Дарко никогаш не се појавил на натпревар на македонската репрезентација, а обвинува за празни трибини.

Дарко треба да биде поддршка и мотив за репрезентатвците, а никогаш не сакал. Поканет бил секогаш.

Кобра, реши се? Доаѓаш или не? Дали вистински сакаш да бидеш дел од македонскиот фудбал или влегуваш во машинеријата на луѓето кои не се вистински пријатели на спортот.

За Дарко ништо не значело местото на ранг листата, а обвинува за лошиот пласман на истото рангирање.

Кобра, реши се? Значи или не!

Дарко Панчев отсекогаш имал широко отворени врати во Фудбалската федерација на Македонија? А, никогаш не влегол. Дури и на покана од неговиот фудбалки татко.

Дончо Национале.

Кобра, реши се? Влегуваш или не?

Ама, Дарко? Без главните „тркачи“ од типот на Томовски, Џиџи, Бунгуров, Јонуз…и други имиња за кои фудбалот не е сон, туку само „дриблинг, лажно свртување, вклизнување!

Томовски, Џиџи, Бунгуров, Јонуз…луѓе за кои фудбалот е пцовка, шамар во лице и нозе во јајца. Луѓе за кои фудбалот е сѐ само не племенита вештина.

Искрените љубители на фудбалот не смеат да се лажат.

Тие очекуваат Дарко Панчев да биде искрен. Не веруваат во сомнителни визии, туку во победи.

Веруваа и кога Дарко беше претседател на ФК Вардар.

Вардар од времето на Дарко како претседател на клубот еден ден ќе биде тема за некоја интересна книга од социологијата.

Дарко Панчев? Реши се? Со кого ќе бидеш и за какви вредности ќе се бориш.

Јонуз не лажеше дека како селектор на репрезентацијата на Македонија загубил со 5:1, а вистината е дека загубил со 7:1!

Во друштво на таков човек? Како велиш…

…„го нема тој плес шампионски“.

Драган Томовски ја обезглави Цементарница, а сеуште криминално стопанисува со стадионот кој е во сопственост на фабриката Титан!

Како велиш…

…немој да бидеш „чирак“ на тој човек.

Бунгуров? Пријателе…

…„Ти кидам капа“ ако навистина си решен да бидеш дел од тоа друштво.

Немој да ја игнорираш вечната вистина.

Минатото не е предуслов за успех денеска.

Боди ги очите во светски рамки. Како што беше како играч.

Не смеам да кажам ништо за твојата „Деветка“. Ќе ми заклучат врата.

Заклучи им ја вратата на луѓето кои се обидуваат да манипулираат со твоето име.

Дарко Панчев секогаш ќе биде фудбалер на векот. Ќе ги памтиме головите и златната копачка.

Ова не е твое „друштво“. Федерацијата е сериозна обврска и голема одговорност, бара целосна посветеност и макотрпна работа. Не ти треба ново разочарување.

Уште помалку да бидеш „англиска кралица“.

автор: Мартин Костадиновски
колумната е преземана од порталот: Friday.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top