
Монахот Николај Стаматовиќ е пуштен на слобода, а неговиот лаптоп, во кој наводно се наоѓа порнографски филм, полицијата го запленила.
Станува збор за намесникот во манастирот во Етно-селото „Станишиќи“ кај Бјелине кој е уапсен пред два дена во Белград, бидејќи на Бојан Јовановиќ за 100.000 евра се обидел да му продаде филм во траење од час и половина во кој, според зборовите на адвокатот Душко Томиќ, владиката Василије Качавенда има сексуални односи со четворица момчиња.
Иако во овој случај е побарана изјава од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, како што пишува Дневен Аваз тие добиле одговор дека полицијата нема никакви информации по тоа прашање.
Бојан Јованоиќ покажал неколку смс-пораки кои отец Николај му ги праќал, договарајќи состанок за продажба на филмот. Јовановиќ за сето тоа го информирал аквокатот, на што тој му одговорил да закажат состанок и да ја погледнат снимката за да утврдат дека не е во прашање некоја монтажа.
– Во филмот владиката Качавенда орално и анално ги задоволува четворицата момчиња, а потоа и тие него. По сексуалниот чин, а што се гледа на снимката, сите заедно се тушираат. Една од снимките настанала на 27 јануари 2007. година – рекол Томиќ.
Еден дел од филмот е снимен на имотот на владиката во Бјелине, а другиот дел во неговиот стан во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


