| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Од 2010 година досега изградени и рехабилитирани 400 локални патишта

misaОд 2010 година досега, Владата на Р. Македонија изгради и рехабилитираше 400 локални патишта низ Македонија со вкупна должина од преку 730 км и инвестиција преку 63 милиони евра.

misa3

Министерот заедно со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и со директорот на агенција за државни патишта, Александар Стојанов, ги пуштија во употреба локалниот пат за с.Лениште и патот за Маркова чешма, вкупна инвестиција од 17 милиони денари.

misa5

-На почетокот на следната година започнуваме со изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, кој ќе се гради во три фази, инвестиција од 80 милиони евра – изјави министерот Мисајловски.

Потпишувањето на договорот за изградба на втората фаза од овој експресен пат е во завршна фаза и набрзо ќе започнат градежните работи ако нѐ послужи времето – рече министерот.

При посета во Прилеп, Мисајловски изјави дека Министерството за транспорт и врски заврши со изградба на патот до манастирот во Зрзе во должина од 7,5 километри, инвестиција од 1.6 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top