ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите обврски од договорите, а СДСМ само сака да ги одложи изборите, нагласува премиерот Никола Груевски.
– Откако почна кризата што ја предизвика СДСМ оваа година со помош на креирани материјали, како што кажа Заев, добиени од странски разузнавачки служби, решавањето на кризата одеше преку меѓусебни разговори, кои беа со поддршка и олеснување од меѓународната заедница. Договорот што беше постигнат во Скопје во јуни и во јули, предвидуваше поголем број обврски на двете страни. Поголем дел на нашата страна, помал на страната на СДСМ. Ние нашите обврски ги исполнивме. Можеби некаде имаше недела-две задоцнување, но, главно, ги исполнивме. Тие задоцнувања не беа по наша вина, туку поради обидите на СДСМ да се одолжува работата за да се одложат изборите, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
СДСМ, рече премиерот, имаше една важна и клучна обврска, а ниту таа не ја исполнува. Тоа е да ги предаде материјалите на СЈО.
-Очигледно е дека Заев сака да ја одбегне оваа обврска, очигледно е дека сака да направи ситуација во која ќе се одложат изборите. Сакаат да прават разни обиди за одлагање на изборите. Ако не можат на еден начин- на друг, ако не може на друг- на трет, од секоја страна, од секој можен агол се обидуваат да најдат начин како да предизвикаат караница, како да предизвикаат растурање на договорот, како на некој начин, финалната цел е да се одложат изборите. Тие се свесни дека ќе ги загубат бидејќи го чувствуваат пулсот на јавното мислење, кое не подлегна на манипулациите што во текот на оваа година СДСМ ги правеше со обидот да ја дестабилизира државата ставајќи ја во голем ризик, ставајќи ги сите граѓани како заложници – додаде премиерот.
За Груевски е несфатливо тоа што го говори Заев дека материјалите кај него биле побезбедни отколку кај специјалниот јавен обвинител.
-Македонската полиција веќе го чува објектот каде што тој делегираше министер за внатрешни работи. Таму се обезбедени и други работи од типот на обезбедување, сеф и слично. Јасно е дека СДСМ е во една паника од губење на изборите. Годината ја завршува со еден голем страв и паника дека им претстои тежок пораз на следните избори – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски