Денеска се навршуваат сто години од одлуката на Фудбалскиот сојуз на Англија за доживотна забрана на седум фудбалери од Манчестер јунајтед и од Ливерул, со што беше ставен крајот на случајот за најголемата „местенка“ во фудбалот на островот.
ФА на Англија казни тројца фудбалери на Јунајтед, Сенди Тарнбул, Артур Вејли и Хенок Вест, како и четворица фудбалери на Ливепрул, Џеки Шелдон, Томи Милер, Боб Парсел и Том Ферфул.
Споменатиот меч бил одигран претходната сезона на 2 април, кога Манчестер јунајтед обезбедил опстанок во лигата благодарение на победата од 2-0 над големиот и лут ривал.
Пред овој натпревар, „црвените ѓаволи“ имале само еден бод предност во однос на тимот кој се наоѓал во зоната на испаѓање, а тоа бил Челси.
Головите биле постигнати по смешни интервенции на одбранбените фудбалери на Ливерпул, а при резултат 0-0, гостите не реализирале и пенал.
Веднаш по тој натпревар се појавија озборувања дека натпреварот е наместен, па ФА на Англија започна истрага во која беше потврдена инволвираност на споменатите седум играчи. Секој од нив вложил огромна сума пари на победа на Јунајтед.
Меѓутоа, на Јунајтед не му биле одземени бодови, што беше и пресудно во таа сезона да не испадне во понизок ранг бидејќи првенството го завршија со еден бод предност во однос на екипата која испадна.
Уште поинтересно е дека токму вечерва Манчестер јунајтед и Челси ќе ги одмерат силите на „Олд трафорд”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



