Царинската управа спречи обид за изнесување на 48 стари монети со голема нумизматичка вредност од 2 до 4 век пред нашата ера, како и монети од поново време, од 17 век. МОнетите се со различно писмо, големина и ознаки. Обидот за шверување се случил пна граничниот премин Делчево.

И овој обид за изнесување културното богатство е извршен од страна на американски државјанин, кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип.
Случајот е откриен вчера, на граничниот премин Делчево, кога на царинската линија за излез од државата пристигнал автомобил Фолксваген Каравели со бугарски регистарски ознаки, управувано и во сопственост на осомничениот Џ.Б.Х., државјанин на американската држава Минесота, кој има привремено престојувалиште во Софија, Бугарија.
Царинската управа против пријавениот поднесе кривична пријава за „Изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”. Кривичната пријава, пријавениот и доказниот материјал се предадени на надлежен истражен судија кој по спроведената истражана постапка му одреди мерка притвор во трање од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германец на своето семејство им остави во наследство 2,5 тони монети
-
Османи: Со Заев договоривме албанскиот јазик да го има на парите (ВИДЕО)
-
Плати данок од 3 000 долари, а начинот на кој го стори тоа стана вистински хит
-
Највредната монета во Европа: Ако ја имате оваа паричка дома, веднаш ќе добиете 600 евра


