Синот на Мадона одбил да помине Божик со пејачката и заминал дури во Лондон кај татко му.
Роко Ричи изјавил дека поминал цели два месеца работејќи зад сцената на „Ребел Харт“, турнејата на неговата мајка, и дека поради тоа се чувствува вознемирено и сака некое време да е што подалеку од неа.
Меѓутоа, обожавателите дадоа и друго појаснување наведувајќи ги фотографиите што ги објавила Мадона како причина поради која Роко сака да се оддалечи од мајка му. Како што шпекулираат обожавателите, можно е дека таа со споделување на овие фотографии го срами и дека тоа е капка која ја прелеа чашата.
Петнаесет годишниот Роко одел на многубројни турнеји на Мадона во САД и Канада.
Поради тоа што околу старателството за Роко се води спор помеѓу Мадона Гај Ричи, неговиот пасош се наоѓа во Лондон кај адвокатот што го застапува. Судирот излезе во јавноста кога Мадона барала од суд во Њујорк да го натереа својот син да се врати и да го помине Божик со неа во САД. Судијката на Врховниот суд пресудила дека Роко мора да се вративо Америка пред почетокот на новата учебна година што, пак, значи дека Роко го поминал Божик со татко му, маќеата и со нивните три деца.
Точната причина поради која Роко одбил да биде со мајка му сѐ уште не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик
-
Подгответе се навреме: За Бадник и Божик треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале