Екипата на Барселона во рамките од 13.коло во АЦБ-лигата славеше убедлива победа над Реал Мадрид во кошаркарското „Ел Класико“ со 91-84 во престолнината на Шпанија.
Оваа победа ја искачи Барселона на второто место на табелата веднаш за Валенсија, која сѐ уште не знае за пораз во новиот шампионат.
Каталонците одиграа одличен меч, а главно оружје им беше шутот за два во кој имаа завидна реализација од 72 отсто (30/42). Воведните два периода беа неизвесни, а главната разлика на мечот Барса ја направи во третата четвртина која ја доби со 24-14 и во која влезе речиси секој шут кон кошот на мадриѓани.
Највисокото водство на мечот каталонците го имаа на почетокот на четвртиот период кога водеа со дури 19 разлика (77-58), а кошаркарите на актуелниот шампион кои изгледаа раштимано на паркетот и правеа непромислени потези до крајот на мечот во нервозна завршница успеаја само да го направат поразот едноцифрен (91-84). Вреди да се напомене дека во средината на третиот период Реал Мадрид остана без Серхио Љуљ, кој го напушти мечот со повредена задна ложа.
Најефикасен на мечот беше Џастин Далмен кој имаше 17 постигнати поени и само едно промашување во финишот на средбата, Томас Саторански постигна 16, а Пау Рибас додаде уште 15, додека кај Реал Мадрид најмногу се истакна Серхио Родригез со 14 постигнати поени.
– See more at: http://sportmedia.mk/kosharka/barsa-go-porazi-rashtimaniot-kral-srede-madrid#sthash.PLZIU4Gv.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија