| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува учебната година и скопјани право во аква-паркот на разладување

Аквапаркот во скопската населба Карпош ќе почне да работи за два месци. Според најавите, тој треба да биде готов до јуни, кога завршува и учебната година.

akva park

Веќе се гледаат административната зграда и двете кули каде што ќе има 10 тобогани,а при крај е и базенот со бранови, а во фаза на реализација се и мрзливата река и детскиот базен, тематизиран според „Пиратите од Kарибите“, пишува „Дневник“.

Аквапаркот ќе работи во две смени и тоа едната од 10.30 до 17.30 часот и другата од 18 до 1 часот по полноќ.

Влезниците ќе чинат од 250 до 350 денари.

– Цената ќе биде варијабилна заради понудата на фамилијарни пакети, а ќе има и гратис-влезници за тие што ќе го посетат објектот петпати во еден месец – најави  директорот Ратко Kапушевски за Дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top