| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Бабунски од лето во Црвена звезда по препорака на Панчев и на Најдоски

david i dorijan

Македонските фудбалски таленти, браќата Доријан и Давид Бабунски се многу блиску до договор со српскиот гигант Црвена звезда од следното лето да го засилат српскиот шампион, тврди српски „Новости“.
Менаџерите на фудбалерите веќе ги оствариле првичните контакти со генералниот директор Терзиќ и потпретседателот Џајиќ, а потврда за квалитетот на браќата Бабунски кои во иднина треба да бидат носители на играта на А-селекцијата дале и македонските легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Давид е дете на познатата фудбалска школа „Ла масиа“ и моментно ги брани боите на вториот тим на Барселона, додека Дориан пред извесно време потпиша со екипата на Фуенлабрада каде што тренер е легендата Фернандо Мориентес. Пред шест месеци браќата Бабунски беа поврзувани со трансфер во Партизан, но тогаш сѐ заврши само во рамки на шпекулациите.

Ако двете страни успеат да се договорат, трансферите на браќата Бабунски ќе се реализираат во јуни. Ц.звезда се наоѓа на првото место на табелата во српската Јелен лига и се очекува клубот летоска да игра во квалификациите за ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top