Џихадистичката група Исламска држава (ИД), која претходно држеше под контрола 55 отсто од Ирак, во моментов контролира само 19 отсто од територијата на земјата.
– Терористите зазедоа околу 55 проценти, но во овој момент контролираат само 19 отсто од нашата територија и сведоци сме на нивното повлекување- изјави шефот на ирачката дипломатија Ибрахим ал Џафари во Техеран.
Според Ал Џафари, во Ирак моментно војуваат терористи од сто земји. Изминатите недели ирачките владини сили заедно со единците за самоодбрана спроведуваат офанзива во провинцијата Анбар.
Вооружените сили на Ирак почнаа во вторникот операција за ослободување на центарот на ирачкиот град Рамади од милитантите на ИД и вчера презедоа целосна контрола врз него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Запленета дрога на Исламската држава вредна 50 милиони евра