| четврток, 6 декември 2018 |

Бејта ветува дека ќе биде градоначалник на сите во Гостивар

Општинската изборна комисија денеска му го врачи уверението на Невзат Бејта, новоизбраниот градоначалник на општина Гостивар.

NevzatBejta_4

– Ова е голем ден и за мене, за вас и за општината. Ви се заблагодарувам на поддршката и ветувам дека ќе бидам градоначланик на сите граѓани. Вратите на општина ќе бидат отворени и конечно ќе излезе од изолацијата – рече Бејта во обраќањето пред граѓаните.

Невзат Бејта, кандидат на ДУИ за градоначалник на Општина Гостивар, во вториот круг од локалните избори со 1.138 гласови предност ја доби битката со неговиот против кандидат и доскорешен градоначалник Руфи Османи,.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top