На 10 мај 2014 година во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промотивен настан за претстојното четврто издание на фестивалот „Здраво млади“, конципирано како настап на средношколски групи или солоизведувачи, од каде што по пат на гласање на публиката, најдобриот изведувач ќе има можност да настапи на фестивалот „Здраво млади“, кој ќе се одржи на 23 мај 2014 година.
Главен предуслов за пријавување е изведувачите да свират исклучиво авторска музика, без жанровски ограничувања.
Пријавувањето на заинтересираните изведувачи трае до 15 април. За пријава на настанот, изведувачите треба да достават кратка биографија, фотографии, контакт како и демо-снимка или линк до аудио/видео изведба на некоја од нивните авторски песни.
– Како Младински културен центар, наша главна цел е целосна вклученост на младите од градот во нашите програмски активности. Дојдовме до идеа да организираме промотивен настан за фестивалот, каде што свое претставување ќе имаат сите средношколски музички групи или солоартисти од сите музички жанрови (електронска музика, хип-хоп, рок-музика) кои изведуваат исклучиво своја авторска музика – велат од МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.