| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен командант на ИД во Ирак

Американски специјални единици го уапсија вчера во ирачката провинција Киркук, Абу Омар аш Шишани, командант на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

zname-na-isis

Освен него биле уапсени уште две лица, кои имале висока функција во ИД, а во операцијата се убиени седуммина припадници на групата. Тројцата уапсени екстремисти се пренесени во градот Сулајманија во североисточниот дел на Ирак.

Претходно медиумите објавуваа дека Аш Шишани е убиен, но информацијата не беше потврдена.

Околу 100 војници на американските специјални сили беа распоредени во Ирак на 21 декември за извршување на операции, претходно договорени со ирачките власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top