Стручњаци што пред 15 години биле ангажирани од ЦИА да предвидат каква ќе биде 2015 година погодиле дека ќе дојде до експанзија на дигиталната и на мобилната технологија, но погрешиле дека Русија ќе ослаби и дека ќе почине Фидел Кастро, објави британски „Телеграф“.
Нивните предвидувања се забележани во извештај од 70 страници каде што е опфатено од подемот на нанотехнологијата до падот на цената на нафтата, демографските промени на светско ниво и судбината на светската економија.
Стручњаците на ЦИА точно предвиделе експанзија на дигиталната и на мобилната технологија.
Стручњаците на ЦИА предвиделе биотехнолошки бум, а тоа само делумно го погодија.
Тие биле оптимисти за придонесот на биотехнологијата, па предвиделе зачестено профилирање лични гени и трансплантација на вештачки органи. Предвиделе и клонирање на животно поради производство на месо, но предупредиле и за терористите и за тоа дека тие би можеле да произведат нови опасни вируси и бактерии.
Стручњаците сметале дека многу богатите луѓе со помош на биотехнологијата ќе можат уште подолго да живеат. Биле во право што се однесува до генетски модификуваните земјоделски култури што ќе се прошират глобално.
Прогнозирале и дека Русија ќе ослаби, но рускиот претседател Владимир Путин изгради мрежа на влијание од Грција до Сирија, наведува британскиот весник.
Место предвидените 2.500 нуклеарни боеви глави, Русија во моментот има преку 8.000.
Погрешија во врска со соединувањето на двете Кореи, како и за смртта на Фидел Кастро.
Делумно погодија во врска со светската популација. Во извештајот се наведува дека ќе порасне на повеќе од седум милијарди луѓе и дека порастот ќе биде забавен дури и во опаѓање во Русија и во источна Европа. Во Русија денес има помалку жители од пред 15 години, сепак ЦИА погреши за Африка, место да опаѓа и покрај епидемијата на сида, популацијата во супсахарските земји е во пораст.
Точно предвиделе дека стареењето на популацијата во развиените земји на Западот ќе предизвика бавна криза од падот на односите меѓу работник и пензионер, до увозот на работна сила и проблемите со миграцијата на луѓето.
Стручњаците на ЦИА предупредиле и на терористички напади, а предвидувањата се исполнија – најдраматичниот беше во Париз на 13 ноември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА