„Гугл“ е првиот од интернет-гигантите што им дозволи на корисниците што да прават со своите лични податоци објавени на социјалните мрежи откако ќе починат.
Ова, пред сè, се однесува на писмата во електронското сандаче и на фотографиите и постовите на социјалната мрежа „Гугл плус“. Корисниците сами избираат дали нивните податоци ќе бидат избришани или да се префрлат на други корисници.
За разлика од „Гугл“, „Фејсбук’ ги контролира сите податоци објавени на сајтот дури и кога некој ќе престане да го користи сервисот.
– Многумина од нас не помислуваат на смртта, посебно не на својата. Но, планирањето што да се прави кога повеќе ќе ве нема е многу важно за луѓето што остануваат зад вас. Затоа, почнуваме нова услуга, со која ќе можете лесно да му порачате на Гугл што да прави со вашиот дигитален посед кога ќе починете или кога ќе решите повеќе да не го користите – објави Гугл на својот официјален блог.
Услугата овозможува бришење на податоците по три, шест, девет или 12 месеци неактивност, а се потврдува со испраќање имејл или СМС до корисникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.