ЕУ мора да ја врати контролата над своите граници, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, напоменувајќи дека бегалците кои пристигнуваат во Европа не треба да се ставаат во иста категорија со терористите.
Штајнмаер предупреди дека несрените бегалци не треба да се ставаат во иста категорија со терористите и нагласи дека многу припадници на оружените групи всушност доаѓаат од Европа.
– Меѓутоа, независно од тоа, важно е да имаме поголема контрола над тоа кој влегува, а кој излегува од Европа, рече тој.
Повеќе од милион бегалци од Блискиот исток пристигнале оваа година во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.