| четврток, 6 декември 2018 |

Турција одбива да влезе во „Багдадската коалиција“ под покровителство на Русија

turcija vojskaТурција не сака да влезе во коалицијата создадена во Багдад меѓу Русија, Иран, Ирак и Сирија, бидејќи „не ја признава легитимноста на владејачкиот режим во Дамаск“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата „Ал Арабија“.

– Русија, Иран, Ирак и Сирија создадоа коалиција за борба против терористичката организација „Исламска држава“ и ни предложија да се присоединиме. Турција, меѓутоа, одби, јас му реков на претседателот Владимир Путин, дека не можам да седам до лидерот на режимот, чија легитимност не ја признавам, рече Ердоган.

Според него, тој е крајно растревожен од ситуацијата во Сирија и Ирак, како и од „заканата од расцепување на Блискиот Исток на конфесионален план. – Треба да се спротивставиме на тој заговор, рече Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top