| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсените исламисти во БиХ планирале терористички напад на 31 декември

bosna policijaЧленовите на групата радикални исламисти, кои беа уапсени претходно оваа недела во Сараево планирале смртоносен напад во градот на 31 декември со цел да убијат колку што е можно повеќе луѓе, изјави босанскиот државен обвинител Дубравко Кампара.

Обвинителството одлучи вчера да побара едномесечен притвор за осуммина од 11 лица, кои беа уапсени на 22 декември. Државниот суд денеска го прифати тоа барање.

Кампера објаснувајќи го барањето за притвор изјави дека првпат имало потврдена информација за планиран терористички напад ноќта спроти Нова година.

Според него има докази, кои покажуваат дека уапсените планирале напади, со кои би можеле да убијат над сто лица.

Уапсените планирале да постават експлозив под полициски автомобил на место, каде се собираат многу луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top