Пожарникари во Австралија се бореа синоќа со огнената стихија, која опожари најмалку 53 куќи, а стотици лица ги напуштија своите домови.
Авионите, испратени да го изгаснат пожарот од воздух, не успеаја многу да влијаат на огнената стихија.
Пожарот зафати цели ридови долж „Грејт оушн роуд“, автомобилски пат со поглед на океанот југозпадно од Мелбурн, кој е голема туристичка атракција.
По звукот на сирените стотици лица го прекинаа празнувањето на Божик и избегаа кон најблиските евакуациски центри.
Повеќе од 150 пожарникари со осум авиони со водни цистерни и 60 противпожарни возила се обидуваат да ја совладаат огнената стихија.
Властите во Викторија соопштија дека до моментов изгореле најмалку 1.500 хектари шуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.