| четврток, 6 декември 2018 |

Убавината е минлива, а глупоста вечна

Мо­ра да има­те ви­со­ки це­ли и се­ко­гаш да го кре­ва­те пра­гот на сво­и­те иде­а­ли. Нај­го­лем лу­ксуз, кој ре­тко ко­га мо­жам да си го доз­во­лам, е да не ра­бо­там ни­што. Ко­га мо­же­те да си доз­во­ли­те та­кво не­што, то­гаш тоа зна­чи де­ка сте ус­пе­а­ле во жи­во­тот

До­де­ка Су­за­на Ман­чиќ ус­пе­ва да се до­фа­ти за ед­но ка­фе и да зе­ме здив на пет ми­ну­ти, де­се­ти­на же­ни ја на­о­ѓа­ат под­зат­скри­е­на зад еден столб во ход­ни­кот на Скоп­ски са­ем. Воз­бу­де­но ѝ се на­фр­ла­ат, се­ко­ја са­ка не­што да ѝ шеп­не, да спо­де­ли не­што со неа, да ѝ ја рас­ка­же сво­ја­та при­каз­на, да се фо­то­гра­фи­ра со ле­ген­дар­на­та срп­ска во­ди­тел­ка.

За не­кој од по­но­ва­та ге­не­ра­ци­ја оваа пре­те­ра­на еу­фо­ри­ја, мо­же­би, е мал­ку чуд­на. Но, на „Про­фе­ми­на“, пр­ва­та кон­фе­рен­ци­ја во Скоп­је по­све­те­на на же­на­та и на жен­ски­те пра­ша­ња, Су­за­на Ман­чиќ не бе­ше са­мо спе­ци­ја­лнa го­стинka, ту­ку и ви­стин­ска сен­за­ци­ја.

И ако сѐ уште не ви е јас­но зо­што, до­вол­но е да отво­ри­те са­мо ед­на од ил­јад­ни­ци­те неј­зи­ни из­ја­ви што се по­ја­ву­ва­ат ко­га пре­ба­ру­ва­те не­што за неа на „Гугл“. Таа не се сра­ми од ра­бо­ти­те за кои сме­та де­ка ед­на же­на не тре­ба да се сра­ми. Таа е отво­ре­на, со свој став и без влак­на на ја­зи­кот. Јав­но ка­жу­ва де­ка си ја подм­ла­ди­ла ин­ти­ма­та, но е и единс­тве­на­та што на исто тол­ку др­зок ја­зик му вра­ти на срп­ски­от ми­ни­стер за од­бра­на, кој си доз­во­ли ко­мен­ти­ра де­ка „са­ка ко­га но­ви­нар­ки­те тол­ку лес­но клек­ну­ва­ат“.

Су­за­на Ман­чиќ е актер­ка, во­ди­тел­ка и ТВ-ли­це, ко­ја вр­вот на по­пу­лар­но­ста го до­стиг­на ка­ко ло­то-де­вој­ка во вре­ме­то на Ју­гос­ла­ви­ја, но и со сво­и­те експ­ли­цит­ни до­маш­ни ви­деа. Се фо­то­гра­фи­ра­ла и за „Плеј­бој“, игра­ла во не­кол­ку срп­ски се­рии, на­пи­ша две авто­би­о­граф­ски кни­ги, а де­нес, на 59-го­диш­на во­зраст, има сво­ја еми­си­ја и се под­го­тву­ва за пи­шу­ва­ње на сво­јот прв, ка­ко што ве­ли, ви­стин­ски ро­ман.

Suzana-Mancic-sce172-3

На „Про­фе­ми­на 2015“ сво­е­то обра­ќа­ње го поч­на со ед­но глас­но „До­ста!“.

– Зна­е­ме кол­ку ѝ е те­шко на же­на­та, кол­ку се оче­ку­ва од неа, но во еден мо­мент тре­ба да се ка­же „До­ста“! Бра­кот е за­ед­нич­ки жи­вот, ма­жи­те и де­ца­та тре­ба да ни по­мог­нат, да нѐ од­ме­нат. Јас сум се­ко­гаш за же­на­та и за жен­ска­та со­ли­дар­ност. Да не си под­мет­ну­ва­ме но­га, да си по­да­де­ме ра­ка за­тоа што си­те зна­е­ме де­ка жи­во­тот на же­ни­те е те­жок – им се обра­ти таа на при­сут­ни­те.

Спо­ред неа, сѐ се гле­да на на­ши­те ли­ца, ка­ков жи­вот сме има­ле, низ што се сме по­ми­на­ле. Но, не по­стои гр­да же­на, ни­ту гр­до жи­во су­штес­тво, нај­важ­но е да се има ду­ша.

– Мо­ра да има­те ви­со­ки це­ли и се­ко­гаш да го кре­ва­те пра­гот на сво­и­те иде­а­ли. Нај­го­лем лу­ксуз, кој ре­тко ко­га мо­жам да си го доз­во­лам, е ко­га не ра­бо­там ни­што. Ко­га мо­же­те да си доз­во­ли­те та­кво не­што, то­гаш тоа зна­чи де­ка сте ус­пе­а­ле во жи­во­тот. Нај­го­ле­ма сре­ќа, пак, е ко­га ја ра­бо­ти­те ра­бо­та­та што ја са­ка­те – по­ра­ча таа.

Ко­га, ко­неч­но, ус­пе­ав­ме да стиг­не­ме до неа по­крај си­те воз­бу­де­ни обо­жа­ва­тел­ки, ус­пе­ав­ме на кра­тко да по­раз­го­ва­ра­ме за тоа што зна­чи да си же­на на Бал­ка­нот и на те­ма­та за ко­ја го­во­ре­ше на кон­фе­рен­ци­ја­та – кол­ку ни е при­о­ри­те­тен изг­ле­дот.

– Мо­јот став е де­ка, се раз­би­ра, уба­ви­на­та е важ­на за­тоа што таа пр­ва па­ѓа в очи, пр­во уба­ви­на­та го прив­ле­ку­ва вни­ма­ни­е­то. Но, не­мој­те да се пот­пи­ра­те са­мо на уба­ви­на­та би­деј­ќи од тоа не­ма да из­ле­зе ни­што (се смее). Уба­ви­на­та е мин­ли­ва, а глу­по­ста е веч­на. Зад уба­во­то ли­це и уба­ви­от изг­лед, мо­ра да има се­ри­оз­ност, по­точ­но се­ри­о­зен при­стап кон жи­во­тот, мо­ра да има обра­зо­ва­ние и до­бри­на на ср­це­то и на ду­ша­та. Та­ка што уба­ви­на­та е тоа што ти го да­ва Бог, но мо­раш и да зра­чиш, мо­раш да ја над­гра­ду­ваш, мо­ра да ѕи­даш до­бри те­ме­ли за таа тво­ја уба­ви­на, ко­ја ќе ја но­сиш це­ли­от жи­вот – ве­ли Ман­чиќ.

Suzana-Mancic-sce172-2

Спо­ред неа, не са­мо на Бал­ка­нот, ту­ку се­ка­де е те­шко да се би­де же­на.

– Ни­ка­де не е лес­но. Но, се бо­ри­ме, за­тоа и ор­га­ни­зи­ра­ме ва­кви на­ста­ни, за­тоа и се по­вр­зу­ва­ме. На Бал­ка­нот и по­на­та­му же­ни­те не се изед­на­че­ни со ма­жи­те ни по за­ра­бо­тка, ни по стаж, ни по ус­ло­ви­те за ра­бо­та. Да не пра­ви­ме му­а­бет за мо­бин­гот и за тоа кол­ку ма­жи­те ги зло­у­по­тре­бу­ва­ат сво­и­те по­зи­ции. А, исто та­ка, да не пра­ви­ме му­а­бет и за внат­ре во се­мејс­тво­то. Та­ка што, сме­там де­ка се­га же­ни­те се во тран­зи­ци­ја. Од тој пер­и­од ко­га не мо­жеа ни­што, до не­ко­ја ид­ни­на ко­га ќе мо­же­ме сѐ. За­тоа мо­ра­ме да би­де­ме па­мет­ни во таа еман­ци­па­ци­ја и во бор­ба­та за рам­но­прав­ност, всуш­ност за сво­и­те пра­ва. Че­сто ги­не­ме, но мо­ра­ме да оди­ме по­на­та­му и ни­ко­гаш да не за­бо­ра­ва­ме де­ка сме же­ни – сме­та таа.

Ман­чиќ ве­ли де­ка јав­ни­те лич­но­сти но­сат го­ле­ма од­го­вор­ност.

– Си­те очи се впе­ре­ни во нас. Го­ле­ма е од­го­вор­но­ста ка­ко ќе се об­ле­че­ме и ка­ко ќе сед­не­ме, а да не збо­ру­ва­ме, пак, за тоа што го ка­жу­ва­ме. Се раз­би­ра, не мо­же чо­век се­ко­гаш да се кон­тро­ли­ра, но се­ко­ја по­ја­ва или ин­терв­ју, пра­ќа­ат не­ко­ја по­ра­ка. Не са­мо на мла­ди­те, ту­ку на мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја. На мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја и е по­треб­на под­др­шка, би­деј­ќи сме ве­ќе из­гра­де­ни же­ни, умор­ни, бол­ни…Тие же­ни што се за­гро­зе­ни, тре­ба да зна­ат де­ка по­стои друг пат во жи­во­тот и по­и­на­ков на­чин. И де­ка, всуш­ност, е лес­но да се из­бо­ри­те за не­го. Са­мо тре­ба да се до­не­се од­лу­ка. Сѐ е во од­лу­ка­та – сме­та Ман­чиќ.

Разговараше: Марина Костовска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 172. број на неделникот „Република“, 18.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top