| четврток, 6 декември 2018 |

Ги чекаме, ама ги нема пониските сметки за парно

Сметките за март, за парно, кои треба да бидат пониски од оние од претходните месеци  доцнат.  Скопјаните кои се снабдуваат со топлинска енергија од компанијата „Балкан енерџи груп“ очекуваат помали сметки за 14,24 отсто, додека пак оние кои топлина добиваат од „Скопје север“ треба да платат 13,45 отсто помалку, пишува „Утрински весник“.

парно

Граѓаните коментираат дека секогаш сметките ги добивале во првата декада од месецот, што не е случај сега, пред крајот на грејната сезона, кога ја чекаат и првата намалена сметка.

Од компаниите велат дека доцнењето не се должи на новите пресметки поради намалувањето на цената и дека граѓаните деновиве ќе почнат да добиваат сметки за март. Пролонгирањето на рокот за испорака на последната сметка се должи на технички проблем кој го забавува печатењето, а со тоа и навремената дистрибуција, пишува весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top