Извори од истрагата за несреќата со рускиот патнички авион А 321 над Синај, објави дека е утврден видот на експлозијата, кој го собори авионот и доведе до смрт на 224 лица.
Тоа е пластичен експлозив Ц-4 во количина 250-300 грама, поставен во лименка од газиран безалкохолен пијалок. Локализирано е и местото каде што бил поставен експлозивот, на крајот, во десниот агол на авионот, точно над каблите што водат до црната кутија.
Поради оваа причина, веднаш по активирањето на бомбата, црните кутии престанале да ги снимаат податоците од информатичките сензори, кои се наоѓаат во куќиштето на авионот. Од таа причина немало информации за околностите по избувнувањето на бомбата.
Пластичниот експлозив Ц-4 по својата структура е мек како глина и може да се офрми во секоја посакувана форма. Тој е изработен пред неколку години во САД, се произведува во многу земји во светот, вклучително и во Русија, што го прави откривањето на сторителите исклучително тешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.