| четврток, 6 декември 2018 |

Маринко во многу лоша состојба, родителите го продале станот за лечење

Српскиот актер Маринко Маџгаљ подолго време води тешка борба со ракот на панкреасот, а соседите кои до неодамна го гледале како шета околу белградската Арена велат дека неговите родители го продале станот во таа населба за да му го платат лечењето во странство.

– Го видовме неколку пати и жал ми е што морам да кажам, но изгледа многу лошо. Многу е ослабен и едвај го препознавме. Излегуваше на шетање, но со него секогаш имаше уште некој, да му се најде, преслаб е да шета сам – раскажал еден од соседите.

Тој додал дека семејството Маџгаљ се навистина добри луѓе.

– Добро ги знам неговите родители, тие се прекрасни луѓе. И тие, но и Маринко – момче за пример. МНогу ми е жал што му се случува ова, толку е млад. Родителите дури и го продадоа станот за да го платат неговото лечење. Тој не сакаше, мислам дека го направија тоа против негова волја – вели соседот.

Според неговото кажување, Маринко не сакал да им биде на терет на родителите, но како што секој родител би направил, тие сепак го продале домот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top