| четврток, 6 декември 2018 |

Огњен Амиџиќ ја презема грижата за ќерката на Маринко Маџгаљ

Огњен Амиџиќ решил да го продаде последниот албум на „Фламингоси“ кој ќе содржи и две нови песни,а сите пари од продажбата  да и ги подари на ќерката на Маринко Маџгаљ, Сара.

marinko

-Огњен издвоил осум песни кои ќе се најдат на тој албум, а моментално работи на продукција на две нови песни кои досега не се објавени. Тој и Марко Кон ги работата аранжманите и наскоро ќе бидат готови. Едната од двете нови песни е балада и на неа Марко пее и свири на гитара. Амиџиќ сака што поскоро да го заврши тој албум, за да го продаде и сите пари да и ги подари на Сара, која оваа есен ќе тргне на училиште. Неговата цел е по смртта на Маринко тој да ја преземе грижата за семејството на Маџгаљ. Огњен многу го сакаше Маринко, тоа беше братска љубов, едно чисто другарство без било какви интереси. Ќерката на Дубравка и Маринко  ја гледа како свое дете- изјавил добро информиран извор за медиумите.

Албумот би требало да излезе на почетокот на летото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top