Организацијата „Амнести Интернешенел“ (АИ) во својот најнов извештај наведува дека припадниците на Исламска држава поседуваат огромен и многу разновиден арсенал со оружје, јави Танјуг.
Во извештајот на АИ се наведува дека џихадистите користат оружје и муниција што се конструирани или произведени во најмалку 25 земји од светот, вклучувајќи ги САД, Русија, Германија, Франција, Кина и Велика Британија.
Истражувањето што го објави британската невладина организација „Conflct Armament Research“ (ЦАР) за ситуацијата во Ирак и Сирија, исто така, покажува дека џихадистите имаат исклучително големи и разновидни залихи од оружје.
Џихадистите во набавката на оружјето се потпираат на ирачкиот црн пазар, но првенствено на запленување оружје од своите непријатели.
Кај припадниците на ИД во судирот на Блискиот исток често пати може да се види американска опрема и возила „хамер“, а тие да се заплнети од џихадистите кои, повторно, таа опрема ја заплениле во други судири.
Во прашање, исто така, е американско оружје ограбено од ирачката војска, но тоа не е единствениот извор за снабдување за џихадистите.
Останатите земји од кои оружјето доаѓа се Русија, долгогодишниот сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но и други, кои се појавуваат како изненадување, како што е севернокорејската муниција пронајдена во Сирија во 2014 година.
Истражувачите на ЦАР наидувале на куршуми толку стари да државите кои ги произвеле веќе не постојат, како што е тоа случајот со чехословачката муниција.
Кај џихадистите е најдена и иранска муниција, а и муницијата со која Саудиска Арабија ги снабдувала сириските бунтовнички групи на некој начин доспеала во рацете на исламистите.
Истовремено, врз основа на некои снимки може да се види дека исламистите имаат и оружје од НАТО, но и тоа што датира од времето на Студената војна и од земјите на Варшавскиот пакт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро