Најдобриот совет кој го даваат надлежните служби е кражбата да се пријави во полицијата и никако да не се влегува во било какви договори со крадците кои може да бараат пари за откуп.
Кражба на автомобили е работа со добар профит со која се занимаваат добро организирани криминални групи во регионот. Според статистиката во овој период „нај побарувани “ се луксузни и скапи автомобили од германско и француско производство.
Возилата кои најчесто се крадат се „ауди“, „волсваген“,„бмв“, „рено“, „цитроен“, „пежо“, „опел“, „фиат“ и „дачиа“.
Но она што е интересно е дека овие организирани криминални групи имаат и точно испланиран план за кражба на одредената цел.
Во последно време тие имаат два нови начин на одбележување на автомобилите кои после ги крадат. Едниот е симнување на бандажите, а другиот е гребење од страната на возачот со што автомобилот и официјално е одбележан од нивна страна. Исто така нова појава се и таканаречените „тркачи“ кои чекаат возачите да го остават стартуван автомобилот со клучевите во брава и излезат да завршат на брзина некоја работа на неколку секунди , а тие го користат овој момент упаѓаат во автомобилот и го крадат.
Се советува и дека луѓето на кои им е украден автомобилот да не го огласуваат возилото на разни сајтови закупување и продажба на возилата и оставаат фотографии бидејќи во такви ситуации се јавуваат луѓе кои велат дека го пронашле автомобилот и бараат пари за да го вратат, а во најголем број на случаи станува збор за измамници.
За кражбата на возилата од најново производство се користат кодиран клуч и компјутер , се користи софистициран алат за премостување односно декодирање на компјутерот како и механички алат за обивање на бравите.
Постојат неколку начини на кои луѓето може да ги заштитат нивните автомобили. Тука пред се спаѓаат електронските и механички заштити. Во електронски заштити спаѓаат разни типови аларми, изместување на ОБД џекот односно приклучокот а компјутерот на возилото, прекин на струјата, обезбедување на компјутерот на возилото. Додека во механички заштити спаѓаат разни системи за заштита кои служат за блокирање на управувачот и воланот на возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.