Концептот Audi e-tron quattro победи во категоријата „Нова мобилност”.
Прво место за навигација, информативно забавниот систем, интернет поврзување и мултимедија
Audi трета година по ред е најуспешен бренд на „Connected Car” наградите кои ги организираат магазините „Auto Bild“ и „Computer Bild“. Брендот со четири прстени освои вкупно пет од девет награди, што е за една награда повеќе во споредба со натпреварувањата во 2013 и 2014, кога Audi беше најуспешен бренд со вкупно четири награди. Концептот Audi e-tron quattro ја освои првата награда во категоријата „Нова мобилност”. Audi исто така го освои првото место во категориите: навигација, информативно забавен систем, интернет поврзување и мултимедија.
Интеграцијата на Audi со услугите на Google му овозможи на бренднот да триумфира во категоријата „Навигација“. LTE Wi-Fi интернет поврзувањето, нуди брз пренос на податоци помеѓу осум уреди, и го освои првото место во категоријата „Интернет интеграција”. Телефонската кутија на Audi со која се поврзуваат мобилните уреди и можат безжично да се полнат го освои првото место во категоријата „Телефон”. Прво место и за мултимедијалниот систем со 3D звук од Bang & Olufsen кој се вградува во Audi. И конечно, концептот Audi е-tron quattro го освои првото место во категоријата „Нова Мобилност” со својот визионерски систем за електричен погон. „По четири победи во 2014 година, да бидете во можност оваа година дома да однесете уште една дополнителна награда, тоа навистина нè прави особено горди. Наградите, се плод од напорната работа на целиот Audi тим, и нè мотивираат понатаму да продолжиме со одличната работа со цел следната година да воведеме нови револуционерни системи за континуирано подобрување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот”, изјави Рики Худи, потпретседател на одделот за електронски развој.
Трета година по ред списанијата „Auto Bild“ и „Computer Bild“ ги доделуваат „Connected Car” наградите. Експертите на двете списанија ја прават првичната селекција на кандидатите во сите девет категории а потоа читателите гласаат за своите фаворити. Наградите „Connected Car 2015″ ќе бидат доделени во Лас Вегас во јануари 2016 година за време на Consumer Electronics Show (CES).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.