| четврток, 6 декември 2018 |

Избелете ги забите со помош на една состојка која ја имате дома (рецепт)

Ова ефикасно средство сите го имате во кујна, а можеби не сте ни знаеле дека токму тоа може да ви ја направи блескава насмевката.

zubi-620x350

Јаболковиот оцет има голем број на лековити својства што слободно може да се прогласи за еликсир. Помеѓу останатото со него можете да ги избелите забите.

Овој оцет се добија со ферментација на јаболка, богато е со пектини и одлично е за прочистување на устата и грлото. Ги убива бактериите, ги отстранува дамките и го елиминира забниот камен.

Како се користи јаболковиот оцет за избелување на забите?

Сипете една супена лажица оцет во една голема чаша вода (2,5 децилитри) и измешајте. Секое утро, пред миење на забите, со оваа смеса земајте голтка по голтка и направете гаргара во устата , а потоа исплакнете ја и измијте ги забите со четка. Потоа измијте ги забите со паста како и обично.

забивии

Внимавајте да не направите посилен раствор од пропишаниот бидејќи така може да дојде до оштетување на забите.

Секој пат пред да земете голтка измешајте ја преостаната  течност во чашата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top