Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 отсто нови прашања.
Во следните две недели поточно до 8.1.2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.
Со цел прочистување на базата и зголемување на квалитетот на прашањата ги повикувам сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата и заеднички да ги подобриме, се вели во соопштението.
Веб страницата на која може да ги видите прашањата и да оставате коментари е www. prasanjaeksterno.dic.edu.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.