Силен земјотрес, со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала, го погодил синоќа западниот дел од Јапонија, соопштил Американскиот центар за геолошки истражувања.
Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од местото Вакајама на островот Хоншу, на длабочина од пет километри. Засега нема извештаи за жртви или за штета, пренесува Ројтерс.
Во земјотрес со сила до 8,9 степени и од цунамито предизвикано од него во март 2011 во Јапонија загинаа околу 19.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.