| четврток, 6 декември 2018 |

Подмолни трговци: знаете ли зошто производите наменети за жените секогаш се поскапи?!

Разликите во цените на производите се видливи уште од мали нозе. Очигледни се на пример разликите во цените на играчките за девојчињата и момчињата. Ако е нето розово, поголеми се шансите дека ќе биде поскапо, дури и ако по сите особини е идентично на производот со сина боја.

vic-maz-i-zena-vo-soping

Њујоршката агенција за правата на потрошувачите споредила цени на речиси 800 производи кои имаат варијанта за жените и мажите, поточно речиси се идентични во се освен според пакувањето кое е насочено кон одредениот пол и открил дека цената зависи од полот за кој производот е наменет. Контролирајќи го квалитетот , откриле дека сличните производи во просек се седум отсто поскапи доколку се наменети за жените или девојчињата.

Џули Менин која ја покренала истрагата, тврди дека бројките укажуваат на итар обид на полна дискриминација, а уште е полошо кога знаете дека на секој долар од платата која ај добива маж, жените добиваат 79 центи.

odeca

Откако во познат американски трговски центар Таргет биле забележани идентични скутери за девојчиња и момчиња, при што розовиот чинел 49,99 долари, а црвениот за момчињата 24,99 долари, кога бил побаран коментар од надлежните во продавницата тие веднаш ја смениле цената изјавувајќи дека цената била згрешена. Но истата ситуација може да се забележи и кај многу други играчки, а не е многу поразлична состојбата ниту во Европа и другите делови од светот.

Истражувањето до Њујорк опфатило играчки, облека за деца и возрасни, производи за хигиена и домаќинство. Се покажало дека најголема несразмерност се крие во производите за нега на косата. Жените просечно плаќаат 48 отсто повеќе за шампони, балзами и гелови.

kupovina-kozmetika

Генерално женските производи се поскапи во 42 отсто од случаите, додека машките се поскапи во само 18 отсто категории (пример долната облека за момчињата е поскапа од онаа за девојчињата).

Женските дезодоранси се 30 отсто поскапи

Женските дезодоранси па чинат 30 отсто повеќе иако единствената разлика е мирисот. Покачувањето на цените со оглед на тоа кој се потрошувачите и не е некаква новост. Погледнете ги само цените на фризерските услуги кои имаат голема разлика дури и ако станува збор за куса коса кај жените.

Се додека тоа судовите не го забраниле, во Европа осигурителните компании им наплатувале повеќе на жените  и тоа само затоа што во просек живеат подолго. А иако во САДА постојат закони според кои услугите не смеат различно да им се наплатуваат  без оглед на полот, трговците изнаоѓаат креативни начини како тоа го избегнат и повеќе да им наплатат на жените.

На жените поскапо им се наплатуваат автомобилите

Кога сме кај стереотипите, едно истражување покажало дека при купувањето на половен автомобил, жените ќе го  платат автомобилот  дури 40 отсто во споредба со мажите бидејќи продавачите подразбираат дека жените не се разбираат во автомобилите.

Главната причина поради која жените плаќаат повеќе може да се крие во фактот дека тие најчесто се подготвени да платат и повеќе за нешто што го сакаат во споредба со мажите. Но треба да се сфати дека и произведувачите  и продавачите го искористуваат овој факт.

Затоа ако сте жена, слободно испробајте машка верзија на омилените производи. Големи се шансите да воопшто не забележите разлика освен во паричникот, пишува Вашингтон пост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top