| четврток, 6 декември 2018 |

Баба ја владее шипката

Кој вели дека годините може да бидат проблем?! Кинеската Сун Фенџин со своите 60 години го докажа спротивното. Таа е вистинска чигра кога ќе се заврти околу шипката.
-Никогаш не е доцна да почнете да се занимавате со она што ве забавува и исполнува – вели оваа 60 годишна жена која со повредена кичма започнала  да се занимава со секси танц.

Идејата ја добила од нејзина врсничка која ја видела на телевизија. Нејзиниот сопруг бил шокиран кога дознал за нејзината акробатска активност, но сепак ја поддржал, особено откако увидел дека неговата сопруга се чувствува секси и млада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top