| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците најмногу умираат во јануари

Средната вредност на вкупната смртност во Македонија е највисока во постудениот период од годината за седум отсто во однос на средната вредност на вкупната смртност и 13 отсто во однос на средната вредност во вкупната смртност во потоплиот период во годината. Ова го покажало истражувањето на Институтот за јавно здравје.

Ваквиот однос се забележува и за смртноста причинета од кардиоваскуларни и респираторни заболувања.

Во јануари просечната дневна смртност од сите причини во Скопје е најголема, или за 24 отсто е повисока во однос на детектираната минимална смртност во јуни и септември.

Најстуден месец е јануари, со просечна среднодневна темепература од 1,10C, а најтопол месец е јули, со просечна среднодневна темепература од 24,340C (Кендровски, 2006 г.).

Во однос на возраста, резултатите на истражувањето покажале дека возрасните лица (постари од 65 години), доминираат во структурата на умрените повозрасни групи со 63 отсто. Старите лица (постари од 75 години) учествуваат со 33 отсто во структурата на умрените повозрасни групи, а лицата со возрасна група дефинирана во рангот од 65-74 години учествуваат со 30 отсто што идентично кореспондира со податоците од литературата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top