| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија и во Скопје, велат од МОБ.

На 01.01. 2016 година во 20 часот во Македонскиот народен театар, по повод Новата година – Новогодишен концерт на Македонската опера и балет, со настап на солистите и целосниот ансамбл на МОБ. Цената на билетот чини 1000 денари. Билетите ќе се продаваат на билетарата на МОБ до 31.12.2015, а на самиот ден на настанот можат да се купат на билетарата на МНТ.

Ќе бидат изведени најпознатите дела на Штраус, Штраус помладиот и оперетниот мајстор Калман. Настапуваат: Оперски солисти: Ана Дурловски (сопран), Михаило Арсенски (тенор), Марјан Јованоски (баритон) . Балетски солисти: Мими Поп Алексова – Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).

Настапуваат Хорот и Оркестарот на МОБ, диригент: Борјан Цанев, режисер: Дејан Пројковски, кореограф:  м-р Олга Панго, избор на костими: Марија Пупучевска, светло мајстор: Милчо Александров, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстори:  Јасмина Ѓоргоска, Ѓургица Дашиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top