– Задоволен сум од интересот на граѓаните и идеите што ги даваат за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Ние програмата ја работиме за граѓаните и затоа е добро кога идеите извираат од граѓаните – изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески на вечерашните отворени трибини со граѓаните во пелагониските општини Могила и Новаци.
Според Ставрески, граѓаните знаат дека тоа што ќе влезе во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како проект тоа и се реализира, што значи ветувањата се реализираат.
– Задоволен сум што има многу млади луѓе кои дадоа свои идеи и во Могила и во Новаци, а има идеи и од возрасните, пензионерите, земјоделците, наставниците од сите граѓани коишто сметаат дека со понудените идеи може да решат прашањата за подобар живот на одредена категорија на граѓани. Ние сме широко отворени за сите граѓани, а потоа ќе направиме реално остварлива програма, конкретна сериозна програма што ќе го подобри животот на граѓаните во Република Македонија, рече Ставревски.
Министерот Ставревски се осврна и на капиталниот проект Топлификација за општина Битола со кој ќе бидат опфатени и општините Могила и Новаци.
– Проектот за топлификација на општина Битола, но и за снабдување со топлинска енергија за оранжерии за општините што гравитираат кон Битола, а тоа се Могила, Новаци и населеното место Логоварди е од повеќекратно значење. Со овој проект се обезбедува снабдување со топлинска енергија на начин што обезбедува еколошки почист енергенс и кој ќе овозможи заштеда во однос на досегашните начини на финансирање. Овој проект ќе овозможи Битола да биде втор град во државата што ќе добие топлинска енергија, и на тој начин сметам дека го решаваме проблемот со снабдување со топлинска енергија по цена според проекциите на ЕЛЕМ за 20 проценти пониска од онаа што е во Скопје, и очекувам дека тоа ќе наиде на интерес кај граѓаните, рече Ставрески.
Подоцна со проектот за гасификација кој во втората фаза ќе биде од Штип преку Прилеп кон Битола, додаде, очекувам исто така да донесеме уште една алтернатива за фирмите, стопанството но и за граѓаните во Битола да може да се приклучат кон чист енергенс каков што е гасот. Од сите аспекти ова е корисно и за граѓаните и за стопанството во Битола и поширокиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитриев: Миновски располага со соодветен капацитет за да ја извршува функцијата министер за финансии
-
Страврески: Како земја многу инвестираме во образованието кое со вештините се клучни фактори за развој
-
Ставрески: За неполни години се креирани нови 150 илјади работни места
-
Во 2016 година ќе започнување на три нови делници од примарниот гасовод


