| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ ги избра најдобрите во кошарката за 2015

Македонската кошаркарска федерација им додели признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка за тековната година. Капитенот на сениорската репрезентација, Војдан Стојановски, третпат ја освои титулата најдобар кошаркар.

Страшо Тодоровиќ, кој ја предводеше екипата на Куманово до вицешампионската позиција, го доби признанието за најдобар тренер во најелитното кошаркарско друштво, додека за најдобар тренер во младите категории е избран Влатко Мирковски.

Младиот репрезентативен центар Љубомир Младеновски е најдобар млад кошаркар за 2015 година.

Најдобра млада кошаркарка: Ана Марија Шеќероска

Најдобар млад кошаркар: Љубомир Младеновски

Најдобар тренер во женска младинска категорија: Срѓан Дамјановски

Најдобар тренер во машка младинска категорија: Влатко Мирковски

Најдобар македонски судија: Александар Милојевиќ

Најдобра машка екипа, младинска категорија: МЗТ Скопје Аеродром

Најдобра женска екипа, младинска категорија:Струга 2009

Најдобра женска екипа, сениорска категорија: Бадел 1862

Најдобра машка екипа, сениорска категорија: МЗТ Скопје Аеродром

Најдобар тренер, женска конкуренција: Перо Стамески

Најдобар тренер, машка конкуренција: Страшо Тодоровиќ

Најдобар кошаркар за 2015 година: Војдан Стојановски

Најдобра кошаркарка за 2015 година: Едина Муса

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top