– Евентуално излегување на Велика Британија од Европската унија ќе предизвика тешка криза во унијата – изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за БиБиСи.
– ЕУ не еднаш беше потресена од кризи, како финансиска така и со мигрантите. Да немаме заблуди, излегувањето на Лондон од ЕУ би предизвикало тешка криза во сојузот. Не се сомневам во тоа – изјави Дуда. – Сакаме Европската унија да биде ефикасна за да може да се справи во иднина со секаков проблем – нагласи полскиот претседател. Дуда прецизира дека не го дели ставот на британскиот премиер Тони Блер за мигрантите од држави од Еу да бидат лишени од социјална помош во првите четири години од престојот во Британија.
– Не се согласувам да се оди против основните слободи во ЕУ од кои еден е недискриминацијата- изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.